Грција и Израел потпишаа договор за воена обука, вреден повеќе од милијарда долари

Израелците и Грците склучија договор за опремување и обука на грчките воздухопловни сили, а била организирана и заедничка воена вежба, објави израелското Министерство за одбрана.

EPA-EFE/STR

Договорот вклучува основање центар за обука на грчката воена авијација, вреден 1.65 милијарди долари, кој во следните 22 години ќе го води израелската воена компанија Елбит системс. Вредноста на договорот е најголема во историјата на односите меѓу двете земји. Елбит ќе оформи центар по примерот на израелската академија за воена авијација и ќе биде опремен со десет училишни авиони од типот М-346 на италијанскиот производител Леонард.

Компанијата исто така ќе набави опрема за грчките авиони Т-6 и ќе организира обука, симулатори и логистичка поддршка.

„Уверен сум дека програмата ќе ги модернизира капацитетите и ќе ги зајакне економиите на Израел и Грција и дека ова ќе го продлабочи партнерството меѓу нашите две земји на воено, економско и политичко ниво“, рече израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Израелски воени авиони во неколку наврати во воздушниот простор на Грција, вежбале одговор на противвоздушен ракетен систем С-300 од руско производство, распореден на Крит, но извор од грчкиот штаб на вооружените сили изјави дека не бил активиран на вчерашната вежба. Системот го имаат и Сирија и Иран, земји кои Израел ги смета за непријатели.

Кон крајот на минатата недела, министрите за надворешни работи на Грција, Кипар, Израел и ОАЕ се состанаа на Кипар и се согласија за посилна соработка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STR

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе