Грција гори: стотици пожарникари гаснат три големи пожари (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици пожарникари се борат со шумските пожари што избувнаа во Грција - на островите Евија и Тасос, како и во близина на Теба, северозападно од Атина.

 

На Евија, по манастирот Света Богородица Мавровска, од претпазливост се евакуирани и селата Маркримали и Контодеспоти.

Чадот што се шири од пожарот го покри полуостровот Атика, вклучувајќи ја и Атина, која е оддалечена околу 110 километри.

Пожарот, кој ја зафати боровата шума, го гасат 227 пожарникари со 75 противпожарни возила. Од воздух им помагаат шест „канадери“ и шест хеликоптери.

Грчката телевизија објави снимки на кои се гледа како густ, црн чад ја покрил областа, при што ветрот го разнесува пепелот со километри.

Официјалните лица за цивилна заштита ги предупредуваат луѓето во погодените области, особено старите лица, децата и оние со срцеви или респираторни проблеми, да останат во затворено и да постават климатизери, така што да се користи само воздухот од просторијата.

Силните ветрови и недостапниот терен им го отежнуваат на пожарникарите справувањето со пожарот, кој ја зафати шумата опфатена со програмата на ЕУ „Натура 2000“.

Десетици пожарникари, два канадери и хеликоптер се борат со пожари и на островот Тасос.

Трет шумски пожар има кај Теба, северозападно од Атина, а парковите и шумските области во Грција се затворени за јавноста поради зголемен ризик од пожар.

Неконтролирани шумски пожари има уште во најмалку четири грчки региони. Во последните три дена пожарникарите интервенирале 182 пати, пренесува Ројтерс.

Грција честопати се соочува со пожари во текот на сувите летни месеци, а властите предупредија на зголемен ризик од пожари оваа недела.

Активистите за животна средина веруваат дека сè почестите пожари низ светот се загрижувачки симптом на глобалното затоплување.

Минатата година во одморалиштето Мати во близина на Атина 100 луѓе загинаа во пожар.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе