Грција годинава ја посетиле двојно повеќе туристи од 2020 година

Меѓународниот воздушен сообраќај до Грција во август нагло се зголемил за време на туристичката сезона, покажаа денес податоците на грчкото цивилно воздухопловство.

EPA-EFE

Пристигнувањата речиси двојно се зголемиле во август годинава на 3.042.098 од 1.666.222 една година претходно, кога светот го зафати првиот бран на пандемијата на коронавирусот.

Грција, лија една петтина од економијата ја прави туризмот, го претрпе најголемиот рекорд во падот на воздушниот сообраќај во 2020 година, со пад од 75 отсто во однос на претходната година.

Владата оваа година со воведувањето на вакцинацијата и достапните тестови за ковид-19 очекува раст на туризмот од 50 отсто во однос на резултатите од 2019 година, кога земјата ја посетија повеќе од 30 милиони туристи.

Вкупниот промет на грчките аеродроми е зголемен годинава за 53,7 отсто во првите месеци во однос на минатата година, но и понатаму е помал за 53,8 отсто во однос на истиот период во 2019 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе