Ситуацијата е влошена од коронавирусот

Грција го занемарува школувањето на децата на бегалците и емигрантите

Грчкото занемарување на школувањето на неколку илјади деца во бегалските и емигрантските кампови, соопштија денес две невладини организации.

EPA-EFE

Организацијата Сејв д чилдрен и грчкиот Совет за бегалци оценија дека на повеќе од 20.000 деца им е потребно школување и додадоа дека ситуацијата е влошена поради коронавирусот.

Организациите наведуваат дека бројот на децата бегалци кои одат во училиште е „скандалозно низок“, поради недостигот од персонал и превоз, но и поради нетрпението на локалното население.

Помалку од 15 отсто од децата во бегалските кампови официјално посетуваат настава, а многу авганистански и ирачки деца никогаш не оделе во училиште, се наведува во извештајот на двете организации и се додава дека ситуацијата дополнително се влошила со мерките за ограничено движење во камповите поради коронавирусот.

Грчките деца минатата година имаа школување на далечина, но децата кои живеат во објектите за сместување бегалци се целосно исклучени од овој систем, поради недостиг од интернет врски и компјутери, се додава во извештајот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе