Поради договорот меѓу Либија и Турција

Грција го избрка либискиот амбасадор, но „не ги влошува односите со Либија“

Грција одлучи да го избрка либискиот амбасадор поради договорот меѓу Либија и Турција за повлекување на поморската граница меѓу двете земји во близина на грчкиот остров Крит.

Либискиот амбасадор Мохамед Јунис Менфи има 72 часа да ја напушти Грција, соопшти грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, денеска на брифинг.

Тој рече дека турско-либискиот договор е „грубо кршење на меѓународното право“, но додаде дека потегот на Атина не значи дека Грција ги влошува дипломатските односи со Либија.

На 27 ноември Турција и меѓународно признаената либиска влада во Триполи потпишаа договор со кој се дефинира меѓусебната граница и договор за проширување на безбедносната и воената соработка.

Грција рече дека договорот е апсурден бидејќи го игнорира постоењето на Крит меѓу бреговите на Турција и на Либија.

Договорот дополнително ги зголемува тензиите во веќе постојниот спор на Турција со Грција, Кипар и Египет во врска со правото на експлоатација на гас и нафта во источен Медитеран.

Египет и Кипар го отфрлија договорот како „незаконски“.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе