Атина

Грција ги усвои новите мерки на штедење, судирите на улиците беснеат

Грчкиот парламент ги усвои новите мерки на штедење, додека на улиците на грчката престолнина Атина беснеат протести против таквите мерки.

Мерките за штедење ги поддржаа сите 153 пратеници.

Едно лице е уапсено и уште две се приведени, кога демонстрантите и полицијата се судрија во знак на протест во центарот на Атина.

Протестираат граѓаните, синдикатите, анти-естаблишмент групите, а АФП проценува дека на протестите има околу 15.000 демонстранти.

Млади во дуксери со качулки се обидоа да се искачат на Споменикот на незнајниот јунак на плоштадот Синтагма, демонстранти фрлаа камења, факели и Молотови коктели и така ја изгореа куќичката на Евзони, што им припаѓа на членовите на историската елитна лесна пешадија на грчката армија.

Полицијата одговори со солзавец.

Уапсеното лице, според изворите, носел секира и чекан, пренесува грчката агенција АНА.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе