Грција ги проценува штетите по земјотресот, десетици луѓе ја поминаа ноќта надвор

Експертите ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, што го погоди централниот дел на Грција, кога 11 лица беа повредени, а стотици згради беа оштетени.

Фото: ЕПА

Десетици жители на селата Дамаси и Месохори, северно од Атина, ја поминаа ноќта надвор.

Ним им беше обезбедено сместување во шатори и хотели во блиските градови Трикала и Лариса, објави Цивилната заштита.

Повеќе земјотреси беа почувствувани во средата вечерта, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.

Екипите ги прегледуваа домовите, како и училиштата, кои беа затворени од претпазливост, болниците и други јавни згради.

Меѓу оштетените згради има четири цркви, од кои едната е од 17 век, соопшти Министерството за култура.

Земјотресот со јачина од 6,3 степени според Американскиот геофизички институт, а од шест степени според податоците на Атина, беше регистриран нешто пред 12 часот во средата.

Епицентарот беше на 238 километри северно од Атина и на длабочина од осум метри, соопшти Атинската опсерваторија.

Земјотресите се чести во Грција. Во земјотресот со јачина од седум степени што се случи на 30 октомври минатата година во Егејско Море, помеѓу островот Самос и турскиот град Измир, загинаа две лица на Самос и 114 во Турција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе