Ќе бидат сместени во хотели

Грција ги префрла емигрантите од пренатрупаните острови на копнениот дел (ВИДЕО)

Префрлањето на емигрантите од пренатрупаните кампови на грчките острови на копнениот дел од земјата продолжи викендов, и се проценува дека околу 380 емигранти пристигнале во пристаништето на Атина денес.

Вчера 415 емигранти беа довезени во пристаништето Елефсина западно од Атина. Ги префрлаат бродови на грчката морнарица кои обично се користат за транспорт на тенкови.

Емигрантите пристигнаа од островот Лезбор од кампот Морија каде речиси 15.000 емигранти и понатаму живеат на простор предвиден за 3.000 луѓе.

Висок владин функционер изјави за Асошиејтед прес дека владата планира да префрли 5.000 емигранти на копното во следните 15 дена.

Функционерот кој сакал да остане анонимен кажа дека емигрантите ќе бидат сместени во хотели бидејќи сезоната е завршена. Тој кажа дека некои делови од земјата како северна Грција ќе бидат изземени затоа што таму веќе има многу емигрантски кампови.

Емигрантите најмногу влегуваат преку неколку грчки источни острови во близина на турскиот брег, како и преку копнената граница со Турција на североистокот.

Големиот број емигранти на грчките острови, околу 35.000, предизвикува непријателство кај локалното население.

Локалните власти се жалат дека островите се претвораат во места каде што се истовараат емигрантите и дека процесирањето на барањата за азил е многу споро и дека се протеруваат многу малку од оние кои немаат право на азил. Владата вети дека ќе ги забрза двата процеси.

Во саботата наутро жителите на источниот остров Кос, предводени од градоначалникот, спречија истоварување на 75 емигранти од редовен патнички брод кој ги собрал од одалечениот остров Кастерлоризо. Тие го блокираа истоварувањето со трактори и други возила.

Градоначалникот кажа дека владата треба да префрли некои од 4.500 емигранти кои веќе се наоѓаат на островот наместо да им испраќа нови емигранти.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе