Грција ги отвора и средните училишта, но остануваат забраните за движење

Властите во Грција велат дека на 1 февруари повторно ќе почнат со работа средните училишта, каде што нема настава од средината на ноември, но дека сите други мерки воведени за сузбивање на епидемијата на коронавирусот ќе останат во сила.

Фото: ЕПА

Основните училишта повторно работат од 11 јануари, а дел продавници за непрехранбена стока повторно беа отворени една недела подоцна, иако со голем број ограничувања.

Но ограничувањата за движење ќе останат во сила, вклучувајќи полициски час во текот на ноќта, забрана за патување низ Грција и задолжителен седумдневен карантин за сите патници што пристигнуваат од странство на грчките аеродроми до 8 февруари. Студентите на универзитетите ќе продолжат со далечинско учење.

Иако во последните неколку недели Грција забележува голем пад на смртните случаи поврзани со пандемијата, властите велат дека строгите ограничувања ќе останат во сила во текот на целата зима.

Просечниот неделен број на смртни случаи во Грција е 0,25 на 100.000 жители, наспроти 0,94 во почетокот на декември.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе