Прва е Шпанија

Грција доби награда за втори најдобри плажи на планетава, главно за Халкидики

Светската туристичка организација (УНВТО) во вторникот ги објави наградите за плажи со највисок квалитет за 2019 година, при што Грција дојде на второто место во целиот свет, само зад Шпанија.

Грција сега може да се пофали со вкупно 515 плажи со „Сино знаме“, а доби и признанија за квалитетот на петнаесет различни марини и четири туристички чамци за одржлив развој.

Престижното „Сино знаме“ е препознатливо низ целиот свет како знак на извонредност во спасувачките капацитети, првокласен квалитет на водата, пристапност и информации во врска со околната природа на наградуваните плажи.

Светски познатата доброволна еколошка марка има доверба кај милиони патници низ целиот свет. Програмата е управувана под покровителство на Фондацијата за еколошко образование (ФЕЕ), со седиште во Копенхаген, Данска.

Најголем дел од грчките награди „Сино знаме“ освоени годинава, вкупно деведесет и две, добиле плажи на Халкидики, во северна Грција.

Во светски рамки, фондацијата им доделила меѓународни сини знамиња на вкупно 3.797 плажи, 695 марини и 67 туристички брода за одржлив развој за 2019 година.

Наградата „Сино знаме“ има времетраење од една година. Сепак, инспекторите од ЕЕПФ и ФЕЕ честопати неочекувано ги посетуваат наградуваните плажи во земјата помеѓу јули и август, а марините во текот на целата година, за да проверат дали се одржуваат критериумите за програмата „Сино знаме“.

Шпанија доби вкупно 669 награди „Сино знаме“, вклучувајќи 566 шпански плажи, 98 марински одморалишта и пет оператори на туристички бродови за одржлив развој.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе