Грција денес гласа, како ќе помине Ципрас? (ВИДЕО)

Грчките гласачи излегоа на предвремени парламентарни избори, на кои Алексис Ципрас е соочен со голем предизвик имајќи предвид дека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека конзервативците би можеле лесно да победат и да ја преземат власта од неговата левичарска партија Сириза.

„Денес одлучуваме за нашиот живот во следните четири години“, кажа Ципрас уфрлајќи го своето гласачко ливче. „Се бориме со оптимизам и решителност за жртвата и тешката работа на нашите луѓе да не отидат во ветар“.

Се проценува дека опозициската Нова демократија, предводена од Кирјакос Мицотакис, ќе освои околу 36 отсто, додека за Сириза се очекуваат 27 отсто од гласовите.

Таквите проценки се темелат врз изборите за Европскиот парламент во мај, кои го присилија Ципрас на распуштање на парламентот и свикување избори.

Ципрас ги свика изборите четири месеци пред истекот на мандатот бидејќи опозициската конзервативна партија Нова демократија ја победи неговата левичарска Сириза за 9,5 отсто.

„Денес Грците ја земаат иднината во свои раце. Утре носи подобар ден за нашата земја“, искоментира Мицотакис по гласањето.

Актуелниот премиер Ципрас во текот на изборната кампања тврдеше дека гласот за Мицотакис значи глас за „политичкиот естаблишмент“ кој Грција ја доведе до раб на пропаст.

Ципрас денес се бори за трет мандат, иако неоговиот прв мандат траеше од јануари до септември 2015, кога беа свикани предвремени избори за време на немирите предизвикани од грчката финансиска криза.

Третиот и конечен рок за исплата на грчкиот долг истече во август минатата година, но годините штедење поради барањата на кредиторите ја разгневија нацијата која сега сака да избере нов лидер.

Околу 10 милиони луѓе имаат право да гласаат денес. Излезните анкети се очекуваат набрзо по затворањето на гласачките места, додека попрецизни проценки врз основа на пребројувањето на гласовите по два часа.

Иако Грција успеа да поттикне економски раст, нејзината невработеност, која изнесува 18 отсто, е највисока во еврозоната.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе