Грција бара од ЕУ да ја убеди Турција да ги прими одбиените азиланти

Грција од Европската Унија побара да изврши притисок врз Турција да ги почитува обврските од договорот од 2016 година за бегалците, но Анкара продолжува да одбива да ги прими назад емигрантите на кои им е одбиен азил.

EPA-EFE

Грчкиот министер за миграции Нотис Митаракис наведе дека на грчките острови има речиси 2.000 емигранти чии барања за азил се одбиени и побара Брисел да помогне во решавањето на тој проблем.

Според договорот за бегалците меѓу Турција и Европската Унија од 2016, Грција може тие емигранти да ги испрати назад во Турција.

Во замена ЕУ презема по еден сириски бегалец за секој Сириец испратен назад и ѝ дава финансиска помош на Турција за грижата за бегалците.

Анкара, меѓутоа, престана да ги прифаќа одбиените баратели на азил во март 2020 наведувајќи ја како причина пандемијата на ковид-19.

Турција ја одбива соработката во последните 17 месеци иако тестирањето за ковид може да се користи во постаоката за регистрација, кажа Митаракис.

Атина веќе побара помош од Унијата во јануари, но без ефект, истакна грчкиот министер.

Неговата изјава е испратена до претседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас, комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и шефот на Фронтекс Фабриче Легери.

Во моментов на грчките острови има 6.650 емигранти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе