„Забележани знаци на активност“

Грчките власти се загрижени поради трупањето мигранти на турскиот брег

Властите во Грција изразија загриженост поради собирањето мигранти и бегалци на турскиот брег што планираат преку Егејско Море да преминат на грчките острови, и покрај ограничувањето на движењето што е во сила во двете земји за спречување на ширењето на коронавирусот.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас кажа дека властите „забележале знаци на активност“ на брегот на Турција.

„Ќе продолжиме да правиме сѐ што е потребно за да ги одбраниме нашите суверени права и да ги зачуваме границите на Грција и Европа“, кажа Пецас.

Грчките острови минатата година беа најпрометната точка за влегување во Европската Унија за нелегалната миграција, соопшти европската погранична агенција Фронтекс.

Турските власти претходно ја спречуваа емиграцијата во Европа во замена за помош на сириските бегалци како дел од договорот со ЕУ.

Грчкото министерство за одбрана соопшти дека војската ги чува копнените и морските граници на земјата откако Анкара го обвини Брисел дека не се придржува до своите обврски и порача дека нема повеќе да ги одвраќа луѓето упатени кон Европа.

Повеќедневни судири меѓу граничната полиција и емигрантите избија на копнената граница на Турција и Грција во март.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе