Грчките власти се надеваат дека ситуацијата со коронавирусот ќе се нормализира во мај

Грција, помалку зафатена од пандемијата на ковид-19 од некои нејзини европски партнери, се надева на „враќање на нормалата“ во мај, под услов граѓаните да продолжат строго да се придржуваат до ограничувањето на движењето.

„Ако останеме дома во април, ќе можеме во мај да уживаме во првите резултати на нашето одговорно однесување“, изјави портпаролот на грчката влада Селиос Пецас на конференција за новинарите.

Тој кажа дека се надева на „враќање на нормалата“ под услов да не се направат грешки кои би можеле да го уништат она што го создале од почетокот на пандемијата.

Во Грција денес се пријавени 20 нови случаи на зараза, што е најмал број од 12 март.

Заменик министерот за цивилна заштита и управување со кризни ситуации Никос Хардалијас предупреди дека дебатата за постапно укинување на мерките е избрзана.

„Со мерките кои претходно ги презема владата и напорите на граѓаните во нивното почитување го сопревме ширењето на вирусот“, истакна Пецас и додаде дека влегуваат во „критична фаза на борбата против пандемијата и април ќе биде тежок месец“.

Во Грција од коронавирусот досега умреа 79 лица, а заразени се 1.755, според податоците објавени синоќа.

Грчката влада на 12 март, кога беше пријавен првиот смртен случај, презема строги мерки за зауздување на пандемијата. Ги затворија училиштата, археолошките знаменитости, музеите, рестораните и хотелите, а на 22 март воведоа забрана за движење, која во саботата беше продолжена до 27 април.

Два емигрантски кампа во близина на Атина, Малакаса и Тицона, се во карантин бидејќи се откриени случаи на зараза меѓу азилантите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе