Н1 во Грција

Грчките туристички работници го опишуваат почетокот на сезоната како „комплетна пропаст“ (ВИДЕО)

Грција на 1 јули не ги отвори границите за македонските граѓани. Србите, пак, во земјата можат да влезат или преку воздушен пат или пат преку Бугарија. Граничниот премин Евзони со Македонија, кој ноќта на 30 јуни беше отворен, на 1 јули повторно беше затворен и нема да биде во функција на неодредено време. Ваквите најави не ги израдуваа грчките туристички работници, кои го опишуваат почетокот на новата сезона со - пропаст, вели Н1.

Повеќето гости решиле да го откажат летниот одмор во Грција, а најголем дел од нив се српски туристи. Така, грчките острови се празни.

Иако на Тасос немаше ниедно заразено лице за време на пандемијата на коронавирусот, се чувствуваат последиците од ковид-19. Во Пефкари, на јужниот брег на островот, на вратите на хотелите, маркетите, па дури и фрижидерите за сладолед деновиве висат катанци. Ретките отворени ресторани претежно се празни. Туристите се бројат на прсти.

„Мора да држиме дистанца. Јас сум многу пријателски настроена кон моите гости, повеќето ги гушкам и ги бакнувам, а сега морам од безбедно растојание само им кажам здраво. И тоа тешко ми паѓа затоа што обично ги гушкам“, вели Елса Христопулу, сопственичка на соби за издавање.

„Разликата е огромна. Ја почнавме сезоната сега, на крајот на јуни, а обично ја почнуваме во почетокот на мај, така што загубивме повеќе од еден месец. Имаме помалку луѓе, помалку луѓе има во собите, на плажите. Во овој момент има половина во однос на минатата година“, рече таа.

Лежалките, вели, се чистат по секој гостин. Веднаш штом некој ќе замине, пред да дојдат другите, секоја лежалка се дезинфицира. Растојанието од чадор до чадор мора да биде четири метри, на едно место не смее повеќе од шест лица. Кој ќе го прекрши правилото, ризикува казни од 100 дури до 5.000 евра.

Дистанца се држи и во хотелските ресторани. Повеќе од шестмина не смеат да бидат на маса. А не ни има толку. Масите се празни, вели сопственикот на еден од хотелите.

„Многу гости што беа закажани за јуни ги откажаа своите аранжмани. За јуни имавме пополнетост на хотелите од околу 80 проценти, сега сето тоа е изгубено затоа што 95% од нив ги откажаа летувањата. Овој месец е загубен. Пред десет години Грција беше во голема финансиска криза и полека почна да се враќа во нормала, се чинеше дека оваа сезона ќе биде одлична затоа што имавме многу резервации во текот на зимата, но потоа се појави непријател против кој не можеме да се бориме. Дојде во најлошото време, пред почетокот на сезоната“, вели Панајотис Хухулис, сопственик на хотел и ресторан.

Дојде и се чини уште нема намера да замине, вели Н1. Пред неколку дена цело село во близина на грчкиот град Кавала беше ставено во карантин поради 73 новозаразени лица со коронавирус и дури четири смртни случаи од 2.500 жители во селото. Короната го собира својот данок и во профитот. Процените на грчките експерти се дека оние што се занимаваат со туризам ќе заработат само 30% од она што го заработиле минатата година.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе