Грчките пратеници го ратификуваа проширувањето на територијалните води во Јонско Море

Грчките пратеници усвоија закон со кој територијалните води во Јонското Море се прошируваат од шест на 12 наутички милји.

Фото: ЕПА

На ретко единствено гласање, кое заврши со 284: 0, претставниците на четирите опозициски партии во парламентот со 300 места ја поддржаа владата на десниот центар, додека членовите на грчката Комунистичка партија биле воздржани.

Иако овој потег не влијае директно на спорот околу поморската граница со Турција во Егејското Море, на исток, премиерот Кирјакос Мицотакис им порача на пратениците дека Грција почнува посилно да ја спроведува надворешната политика.

Со проширувањето во Јонското Море се потенцира правото на Грција да ја спроведе Конвенцијата на Обединетите нации за права на морето, со која во 1982 година е дозволена ширина на територијалните води од 12 милји.

„За прв пат од Додеканезите (островите) во 1947 година, националната територија е зголемена за околу 10%, со процедури целосно засновани на правилата на меѓународното право“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис, обраќајќи се пред парламентот.

„Проширувањето на водите кон Запад неизбежно испраќа порака до Истокот. Покажува дека насилството не носи правда, туку - напротив, токму овој закон носи мир“, рече тој.

„Ова е јасна порака до оние кои се обидуваат да ѝ ги одземат правата на нашата земја“, рече Мицотакис.

Во брзиот одговор на одлуката на грчкиот парламент за проширувањето на територијалните води во Јонското Море, Турција ја предупреди дека проширувањето на водите во Егејското Море ќе го смета за „причина за војна“, бидејќи со тоа, поради густата распределеност на грчките острови, ќе ѝ се блокира пристапот до меѓународните води.

Турција „има витални права и интереси во полузатвореното Егејско Море, во кое доминираат посебни географски услови“, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.

„Нашата позиција е дека територијалните води во тоа море не можат еднострано да се прошират на начин што на нашата земја и на трети земји им се ограничува слободата на навигација и пристапот до отворено море“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе