Грчките пензионери пред 6 години на пазар оделе со 20 евра, денес одат со 2

Со две евра во џебот 81-годишниот пензионер Јоргос Вагелакос на пазарот во својот работнички кварт во Атина бара нешто што може да си го дозволи.

Грција во понеделникот, по долгогодишната должничка криза која ја скастри економијата за четврт и ја примора земјата на болни мерки на штедење, излегува од последниот од трите круга за спасување од банкрот.

Како и повеќето пензионери, грчката криза тешко го погодила Вагелакос. Речиси половина од нив се приморани на живот под границата на сиромаштијата бидејќи меѓународните програми за спасување на грчката економија му се нафрлија на пензискиот систем и го намалија десет пати.

Иако земјата следната недела го приведува кон крајот третиот и последен пакет за помош, Вагелакос нема на што да се радува.

„Портокалите ќе ви ги платам следната недела“, му вели на продавачот на пазарот. Половина од буџетот веќе го потрошил на грозје.

„Две евра следната недела. Ќе бидете тука?“, прашува тој, кревајќи ја ќесата со овошјето. Одговорот е потврден, на што тој се шегува: „Тогаш јас нема да дојдам за да не морам да ви платам!“

Ројтерс за првпат со Вагелакос разговарале во 2012 кога Грција ја потпиша втората програма за помош за да избегне банкрот и напуштање на еврозоната. Тогаш на пазар одел со 20 евра во џеб. Неговиот месечен приход, вклучувајќи ја пензијата и социјалните надомести, е намален од 1.250 на 900 евра. Денес изнесува 685 евра, а долговите растат, вели тој.

Имајќи предвид дека невработеноста на врвот изнесуваше речиси 28 отсто, дека четврт деца живеат во сиромаштија, а социјалната помош е скастрена, голем број семејства станаа зависни од финансиската помош од бабите и дедовците. Вагелакос повеќе не може да ги издржува семејствата на своите двајца синови и едвај ги покрива своите потреби и тие на својата сопруга.

„Мојот кошмар почнува секое утро“, вели тој. „Како ќе управувам со своите финансии и ќе ги подмирам обврските. Со тоа се будам секој ден“.

Пензионерите организираа безброј протести против мерките за штедење наметнати во рамки на програмата за помош, но иако грчката економија почнува повторно да расте, иако скромно, проблемите сѐ уште се тука.

Промените на пензискиот систем значат дека во 2019 се очекуваат нови кастрења.

„Програмата за помош нема никогаш да заврши“, вели Вагелакос.

Зборувајќи за планот на европските партнери внимателно да ги следат грчките финансии по завршувањето на програмата за помош на 20 август, тој вели: „Дури и ако завршат во август, ќе имаме постојан надзор, што не е меморандум, тоа е постојана комеморативна служба за нашите души“.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе