Грчките острови ќе бидат поврзани со копното со хидроавиони

Грчката авиокомпанија „Ер сиплејнс" најави дека во септември ќе воведе летови со хидроавиони, поврзувајќи ги островите со копното, откако на пристаништата за прв пат им е дозволено да работат со овој вид на транспорт по повеќегодишни бирократски одложувања.

Во почетната фаза, флотата ќе вклучува три хидроавиони со 19 седишта, кои ќе летаат од пристаништа на Јонското Море, а со тек на времето нивниот број треба да се зголеми.

Хидроавионите можат да функционираат како надополнување на другите превозни средства, вклучувајќи траекти и стандардни авиони, а исто така можат да се користат за чартер летови, медицински превоз и услуги за превоз на товар, истакна Ројтерс.

Грција има крајбрежје долго 16.000 километри и е идеално за хидроавиони. Превозниците би можеле да го подобрат пристапот до многу туристички дестинации и слабо поврзани острови, што би го зајакнало туризмот.

Грчки „Ер сиплејнс“ соопшти дека со летовите ќе се пополни празнината и подобро ќе ги поврзат островите и копното. Деловниот план на компанијата предвидува комбинирана флота од сопствени и изнајмени хидроавиони, цената на еден авион е околу 7 милиони долари.

Компанијата соопшти дека планира да го прошири бизнисот паралелно со лиценцирање на повеќе пристаништа на Киклади, Крит, островите Споради и Додеканези и други во северниот дел на Егејско Море.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе