Грчките медиуми: Повеќето позитивни на коронавирусот се од Србија

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето случаи на новозаразени туристи се од Србија, и дека тоа е половина од новите случаи во Грција.

EPA-EFE

Во Грција во последните 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на инфекција со коронавирусот и ниеден смртен случај. Од 43 новозаболени 36 лица се туристи од граничниот премин Промахонас кон Бугарија, од кои 20 лица се од Србија и 16 од други земји.

Грција вчера ги затвори границите за влез на српските државјани, и така ќе остане сѐ до 15 јули, кога одлуката повторно ќе биде разгледана.

По таа одлука вчера на граничниот премин од Бугарија во Грција останаа да чекаат стотици српски државјани, кои со часови беа заробени на границата, па Грција сепак реши да ги пушти да влезат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе