Би-би-си

Грчките формулари за влез предизвикуваат забуни и проблеми кај туристите

„По неколкумесечен карантин, едвај чекавме да одиме на одмор“, вели Мишел Ласт. Но кога Мишел и нејзините две мали деца минатиот викенд се појавиле на портата кон пистата на аеродромот „Гетвик“ на лет за Грција, не им било дозволено да влезат во авионот, вели Би-би-си.

„Беше голем шок. Изи џет во почетокот не ни кажа зошто. Од нас побараа да се тргнеме настрана“, рече Мишел. „Имаше уште една двојка, на која исто така не ѝ дозволија да се качи.“

Се чини дека тие не се единствените на кои во последен момент не им е дозволено да се качат во авион кон Грција. Би-би-си вели дека на повеќе семејства не им се дозволува да полетаат со Изи џет кон Кефалонија.

Во што е проблемот? „Во збунувачките формулари што сега треба да ги пополните за да патувате во Грција“, вели Мишел. „Јас сум адвокат, па навикната сум на пополнување формулари и на ситните букви на нив. Но овие е многу тешко да се разберат“.

Таа зборува за новите формулари за лоцирање патници што грчката влада бара на интернет да ги пополни секој патник што сака да влезе во земјата, како мерка за безбедност од коронавирусот, така што властите да можат да ги најдат луѓето во случај на вонредни ситуации. Патниците мора да го пополнат формуларот најмалку 24 часа пред поаѓањето и да добијат баркод, па да го отпечатат или да го преземат на телефон.

Но искуството на Мишел е предупредување за секој што планира патување во една од најголемите дестинации за одмор во Европа. Можеби не е така лесно, вели Би-би-си.

Таа и децата Елена (12) и Едвард (9) сега успеале да стигнат на Халкидики - но многу подоцна од планираното и откако потрошиле дополнителни 700 фунти.

По долго чекање кај портата пред влезот во авионот, додека другите патници веќе се качиле во авионот, на Мишел ѝ било кажано дека тоа е затоа што нејзините податоци не се точни. Таа го пополнила формуларот, но потоа се обидела да додаде трето лице, нејзиниот син.

Баркодот не ги опфаќа сите тројца. „Веб-страницата е нејасна. Другиот пар што беше одбиен да се качи во авионот не ни слушнал за формуларите“.

Поради безбедносните ограничувања и потребата да си го вратат багажот, дури по четири часа - и многу солзи - групата го напуштила аеродромот.

Како и да е, решена да ги однесе своите деца на одмор (планирале да одат на Мајорка, но тоа отпаднало поради новите забрани за патување во Шпанија) Мишел повторно резервирала летови кон Грција на својот телефон веднаш штом го напуштила терминалот.

Тоа чинело уште стотици фунти и тие не можеле да добијат директен лет. Потоа сите отишле дома за пак да почнат со пополнување на формуларот на интернет.

Од Изи џет велат дека грчката влада поставила услов авиокомпаниите да ги проверуваат формуларите и да не им дозволат да патуваат на патниците чии податоци не се точни.

Компанијата соопшти дека доколку на патниците им биде одбиен влез во Грција на граничната контрола на земјата, авиокомпаниите е должна да обезбеди безбедно враќање на клиентите.

Туристичката компанија Туи, која неодамна ги зачестила летовите кон Грција бидејќи сè повеќе луѓе ја избегнуваат Шпанија поради неодамнешните забрани, соопшти дека исто така направила сè што може за да ги извести луѓето за формуларите.

Сепак, покрај поплаките дека обрасците се збунувачки, патниците исто така се пожалиле дека барководите не им се испраќаат навреме.

Барањата ги обработува грчката влада.

Портпаролот на грчката амбасада во Лондон призна дека има „мали“ проблеми за патниците од Велика Британија во Грција, но рече и дека авиокомпаниите неправилно ги толкуваат правилата.

„Понекогаш авиокомпаниите бараат различни кодови за секој патник. Потребен е само еден формулар по семејство“, рече портпаролот.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе