Грчкиот премиер предупреди на пораст на новозаболените од ковид-19, можни се нови ограничувања

Грците мора да се придржуваат кон правилата што имаат за цел да го ограничат коронавирусот повеќе од кога било, рече грчкиот премиер во средата, предупредувајќи на можни нови ограничувања доколку порастот во дневните случаи не се намали, јави Ројтерс.

EPA-EFE/JOHN THYS

Грција во вторникот пријави 121 нов случај, што преставува највисок дневен биланс од 22 април и дел од порастот на воглавно домашните инфекции.

„Секоја форма на немарност е неоправдана“, рече Киријакос Мицотакис. „Сè уште не знаеме како... но, многу месеци ќе бидеме присилени да живееме со вирусот“.

Во пролетта, Грција помина подобро од другите земји во однос на контролата на ширењето на ковид-19, воглавно, заради соодветни блокади проследени со ограничувања на национално ниво во текот на март.

Мицотакис рече дека регистрираниот пораст на инфекции три месеци по олеснување на ограничувањата е „загрижувачки“.

Вкупниот број случаи достигна 4.855, при што податоците покажуваат дека вирусот повеќе ги погодува помладите лица за разлика од порано. Експертите велат дека тоа се должи или на зголемениот број на тестови или затоа што биле тестирани повеќе посетители за време на туристичката сезона во Грција.

Туризмот е главен двигател на грчката економија, што се очекува да опадне до 10% оваа година.

„Потребно е строго придржување кон правилата во овој клучен чекор, за да се спречи нов значителен пораст на случаите во август и можно усвојување на нови рестриктивни мерки што ќе ѝ наштетат и на економијата и на општеството“, рече Мицотакис.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JOHN THYS

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе