„Европските земји треба да преземат дел од товарот“

Грчкиот премиер: Европа мора да се подготви за нов миграциски бран и бегалци

Европа мора да се подготви за нов миграциски бран и бегалци, предупреди грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју за АФП воочи состанокот на Европскиот совет по турската офанзива во Сирија.

Сто дена по стапување на должност, Мицостакис, чија земја оваа година стана главен миграциски влез за Европа, денес им се обрати на земјите од Европската унија кои одбиваат да прифатат мигранти.

„Мора да има последици за оние кои не сакаат да учествуваат во таа задача на европска солидарност“, рече конзервативниот премиер.

Грчкиот премиер предупреди пред парламентот дека ќе бара „конкретни санкции“ за тие земји, но не прецизираше кои.

Со повеќе од 70.000 баратели на азил во Грција, од кои близу 33.000 на егејските острови во близина на Турција, Мицотакис оцени дека се „неприфатливи пристапите на неколку земји членки на ЕУ кои сметаат дека тоа не е нивен проблем“.

Грција е загрижена дека турската офанзива против областите контролирани од Курдите ќе ги пренатрупа веќе натрупаните кампови.

Во Турција има околу 3,6 милиони сириски бегалци, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе се закани дека ќе ги „отвори портите“ со што ќе овозможи на многумина да заминат во западните земји ако не успеат неговите планови да ги пресели во северна Сирија.

 Мицотакис, кој веќе се сретна со Ердоган во Њујорк, го отфрли ова како уцена.

„Идејата дека Европа може да се уценувана со заканата за пуштање бранови бегалци и мигранти во Европа не е прифатливо како исказ“, рече тој.

„Имаме меѓу 3.000 и 4.000 малолетни лица без придружба во Грција, така што европските земји би требало да преземат дел од товарот“, рече тој за АФП.

За време на првиот состанок на Европскиот совет на Мицотакис, во четврток и петок, тој вети дека ќе го постави неизбежното прашање за поделбата на мигрантите и истакна дека Грција не може сама да го носи товарот.

„Се соочуваме со проблем од големи пропорции само по бројот на мигранти кои го преминаа Егејско Море ако ги споредиме со податоците од минатото лето“, додаде грчкиот премиер.

Агенцијата за бегалци на ОН оваа недела соопшти дека во 2019 година, повеќе од 46.000 мигранти пристигнале во Грција, повеќе отколку вкупно во Шпанија, Италија, Малта и Кипар.

Иако е далеку од милион бегалци во 2015 година, овој прилив го покренува прашањето за прифаќањето на мигрантите во Грција. Камповите на егејските острови се преполни и не можат да издржат нов бран предизвикан со турската офанзива во Сирија.

Мицотакис остро го осуди упадот на Турција во Сирија бидејќи создаде нова нестабилност што ќе предизвика нов миграциски притисок во Европа.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе