Грчкиот премиер: ЕУ мора да ѝ воведе значителни санкции на Турција ако не ги повлече своите бродови

Европската Унија мора да воведе „значителни санкции“ против Турција ако Анкара не ја повлече својата инфраструктура од спорниот дел во источниото Средоземно Море, порача денес грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

EPA-EFE

Грција и Турција се во спор околу поморските граници и енергетските извори во таа област, што е најновиот во низата повеќедецениски спорови меѓу двете НАТО сојузнички. Турција испрати бродови за истражување во дел од морето што го присвојуваат двете земји.

„Потребен ни е дијалог, но не со вперен пиштол. Она што ѝ се заканува на безбедноста и стабилноста на мојата земја се заканува и на доброто на сите членки на Европската Унија“, напиша Мицотакис во напис објавен во Лондон тајмс, Франкфуртер алгемајне цајтунг и Монд.

Европските лидери би требало месецов да одлучат како ќе ѝ одговорат на Турција. Ако Турција не ја повлече својата инфраструктура, би требало да ѝ се воведат значителни санкции, истакна грчкиот премиер.

„Ако Европа сака да покаже геополитичка сила, не може да ѝ попушта на воинствената Турција“, додаде Мицотакис.

„Мора да ја смират топката, да се вратат на преговарачката маса и да почнат од точката кога ги напуштија преговорите во 2016. Ако не се договориме, тогаш мора да побараме решение во Хаг“, истакна, мислејќи на меѓународниот суд за решавање на споровите меѓу државите.

Повеќе земји во тој дел од светот, пред сѐ Грција и Турција, се спорат околу поморските граници и сопственоста над наоѓалиштата на нафта и гас, па во источното Средоземно Море испраќаат бродови и организираат воени вежби.

Кипар, членка на Европската Унија, е најблиску до местото на настаните. Турција не ја признава нејзината ексклузивна економска зона и таму ги спроведува своите истражувања.

Грција и Кипар, со поддршка од Франција, ја обвинуваат Турција за непочитување на меѓународното поморско право. Анкара, пак, смета дека полага право на својата „континентална плоча“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе