Грчкиот премиер: Азилантите заминаа од турско-грчката граница поради коронавирусот (ВИДЕО)

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес кажа дека емигрантите што од почетокот на март беа на копнената граница меѓу Грција и Турција си заминале од таму и се засолниле од пандемијата на коронавирусот.

„Изгледа дека е демонтиран логорот поставен на 1 март и оние кои беа во пограничното подрачје на реката Марица си заминале“, кажа Мицотакис.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави вчера дека 4.600 емигранти сѐ уште се наоѓаат во близина на пограничниот премин Пазаркуле (Кастаниес од грчката страна).

Вчера вечерта азилантите биле со автобуси префрлени во соодветно сместување во Турција, каде што ќе бидат во двонеделен карантин поради можната зараза со вирусот.

Евакуацијата била спроведена на барање на емигрантите, наведува турската агенција ДХА која истакнува дека турските власти потоа го размонтирале логорот Пазаркуле.

Грчката државна телевизија ЕРД јави дека турската полиција во текот на ноќта го запалила празниот логор по евакуацијата на емигрантите. На снимката објавена денес од грчката влада се гледа оган вдолж границата.

Грчкиот премиер истакна дека грчките војници и полицајци ќе останат на тој премин и дека оградата вдолж границата ќе биде засилена.

„Едно поглавје можеби е завршено, но борбата продолжува“, изјави Мицотакис.

„Во Кастаниес остануваат луѓето и техниката кои ќе гарантираат заштита на границата за никој да не може да ги уценува Европа и Грција како што некои се обидоа“, истакна тој.

Турција на 29 февруари објави дека повеќе нема да ги спречува емигрантите на патот кон Европа и илјадници азиланти се собраа во Пазаркуле, во обид да влезат во Грција.

Атина тогаш побара и доби помош од ЕУ за да ги спречи азилантите да ја минат границата.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе