ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ШТЕДЕЊЕ ВО ЗАМЕНА ЗА ПОМОШ

Грчкиот парламент го изгласа предлогот, Варуфакис и голем дел од Сириза гласаа против!

Грчкиот парламент тукушто го изгласа предлог-договорот што премиерот Алексис Ципрас го склопи со европските доверители на Грција. Сепак, Ципрас доживеа бунт од пратениците на својата партија Сириза, од кои дури 32-ца гласаа „не“, а 6-мина беа воздржани.

Парламентот, во кој има 300 пратеници, го изгласа предлогот со 228 гласа „да“, 64 „не“ и 6 „воздржани“.

Трите опозициски партии Неа демократиа, То потами и Пасок ги поддржаа мерките за кои се согласи Ципрас.

Претходно блискиот соработник на Ципрас и бивш министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, гласаше да не се прифати предлог-договорот, што предизвика извици на протест во салата.

Ова не е голем шок, зашто Варуфакис го спореди предлог-договорот со Версајскиот договор, но сепак, тој со ова му пркоси на премиерот и би можело да биде отпуштен како пратеник на Сириза.

Всушност, голем број од пратениците на Сириза или гласаа да се отфрли договорот, или беа отсутни, а меѓу другите видни членови на партијата што гласаа „не“ се и собранискиот спикер Зое Константопулу и министерот за енергија, Панајотис Лафазанис..

Вечерашниов бунт на пратениците на Сириза е многу поголем од оној минатиот петок, кога тие гласаа дали Ципрас воопшто да оди во Брисел за да преговара за третиот пакет помош. Тоа е затоа што премиерот се врати дома со програма за многу поболни мерки отколку што тие се надеваа.

„Можев да избирам помеѓу договор со кој не се согласувам, или хаотичен банкрот, или со одлуката на Шојбле да излеземе од еврозоната“, рече Алексис Ципрас во својот говор во расправата пред гласањето.

Исто така, и голем број од пратениците на Златна зора гласаа против договорот.

Во текот на расправата и гласањето во парламентот, на плоштадот Синтагма во центарот на Атина се случија големи протести, во кои демонстрантите фрлаа Молотови коктели и камења кон полицајците, а овие возвратија со солзавец и лут спреј.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе