Грчки министер го претстави владиниот план за отворање на туризмот

Во серија интервјуа за високотиражни странски дневни весници, грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој е на турнеја низ земјите од каде што редовно доаѓаат гости во Грција, го претстави планот на Владата за отворање на туризмот.

Фото: ЕПА

Министерот за денешниот Франкфуртер алгемајне цајтунг повтори дека планот на Грција е годинава да почне да прима странски гости на 14 мај, што зависи и од ситуацијата во која тогаш ќе биде пандемијата, пренесе денес атинскиот весник Катимерини.

Тој додаде дека со истиот услов - ако епидемиолошките податоци се поволни, за патниците „од некои пазари со висок процент на вакцинирани, сакаме да го отвориме нашиот туризам веќе во средината на април“.

Теохарис на германскиот весник му претстави и „пет линии на одбрана“ на Грција, односно услови за влез на патници и престој во Грција.

„Првата линија на одбрана“ е дека секој странски турист мора да има потврда дека бил вакциниран против коронавирусот, или дека се опоравил од инфекцијата со тој вирус, или да покаже негативен резултат на тест за коронавирус.

„Втората линија на одбрана“ е „дека сами ќе вршиме тестови од примерок туристи по пристигнувањето“. Оваа стратегија за контрола ќе биде насочена особено кон оние кои доаѓаат од земји каде претходниот ден имало „концентрација на позитивни случаи“.

„Третата линија на одбрана“ на Грција е „туристите веднаш да се стават во карантин во случај на позитивен тест, а потоа да се подложат на детален ПЦР тест“.

„Четврта линија на одбрана“ се „општи правила за безбедност, како што се задолжителна употреба на маска или држење дистанца, ограничувања за ресторани, автобуси, туристички излети и разгледувања“.

Последната, „петта линија на одбрана“, подвлече министерот, е дека „сите треба да ги следат истите правила како Грците“.

„Доколку за грчките граѓани постои обврска да носат маска, истото ќе важи за сите, без оглед дали се вакцинирани или не“, нагласи министерот.

Теохарис рече дека вакцинацијата на персоналот во грчкиот туристички сектор, исто така, ќе помогне во заштита од инфекција: „Тие ќе бидат вакцинирани како приоритет веднаш по постарите и ризични пациенти“, објави тој.

Министерот најави и можно продолжување на годинешната туристичка сезона.

Како што очекува, „од септември, проблемот со вакцинацијата ќе биде решен и ќе има големо туристичко побарување, кое тогаш сè уште нема да биде задоволено, а некои ќе сакаат да дојдат и во октомври или ноември“, за што Грција веќе се подготвува.

Говорејќи за германски „Велт“, Теохарис рече дека во врска со слободата на движење на туристите во Грција „нема да има дискриминација кон посетителите кои не се вакцинирани. На сите луѓе ќе им биде дозволено да патуваат“ низ Грција.

За германскиот весник Теохарис исто така изјави дека „за грчкиот туризам Германците се на прво место! Но, Велика Британија блиску ве следи“.

Министерот рече дека „германските туристи не мора да се вакцинираат за да поминат одмор во Грција“, туку „доволен им е негативен тест за коронавирус“.

Во интервју за шпанскиот весник Ел Мундо, одговарајќи на прашањето за категориите посетители на кои Грција пред летото приоритетно им се обраќа, министерот ги посочи туристите „пред сè од Германија и Велика Британија, додека Франција, Италија, Русија, САД и балканските земји се втор главен пазар за нашиот туристички сектор “.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе