Грчки поп во Атина му се дереше на папата: „Ти си еретик!“ (ВИДЕО)

Постар православен свештеник во Атина му се дереше на папата Франциско додека овој влегуваше во православен храм.

Фото: ЕПА

„Папа, ти си еретик“, викаше тој.

На снимката се гледа како маж со долга бела брада, облечен во црна мантија и црна капа, извикува зборови на грчки пред зградата, пред полицијата да го одведе.

Сведоците рекоа дека тој викал доволно гласно за папата да го слушне метежот. Изгледа дека старецот паднал додека го одведувале, а полицајците го кренале.

Папата Франциско вчера од поглаварот на Грчката православна црква Јероним II побара прошка за злосторствата извршени од Католичката црква.

„Историјата има своја тежина и денес имам потреба да побарам од Бога и од моите браќа и сестри прошка за грешките што ги направија многу католици“, рече папата за време на посетата на Атина.

Православните христијани сметаат дека неговите зборови се однесуваат на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Првичната цел на походот бил Египет, но како жртва на крстоносците паднале, со масакри и грабежи, прво Задар, па Цариград. Резултатот од таа војна било основањето на Латинското Царство во Цариград. Крстоносците не ни стигнале до Светата земја затоа што сечилото на војната се свртело против ослабената Византија.

Извинувањето на папата Франциско не е прво од името на Католичката црква. Папата Јован Павле Втори прв пат пред 20 години побара прошка од атинскиот архиепископ во врска со инцидентите од 1204 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе