Грчки политичар почнува кампања „Русите се во право“ (ФОТО)

Поранешниот грчки министер за енергетика Панајотис Лафазанис го претстави својот предизборен плакат со слоганот „Русија е во право“, јавуваат грчките медиуми.

EPA-EFE

На овој начин тој планира да ја промовира својата нова партија Демократско движење на националното ослободување. „Русија е во право, САД и НАТО создадоа пекол во Украина, тие ја туркаат планетата во бездна, ја уриваат Европа, ја осудуваат на сиромаштија и ја осакатуваат Грција“, пишува на плакатот.

На плакатот се гледа и фотографија на Лафазанис, буквата Z и повикот: „Урнете го извртениот, корумпиран, олигархиски и робовски политички режим!“

Лафазанис ги повика соработниците да го споделуваат плакатот на интернет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе