Грчки министер: Ќе го платиме рускиот гас на начин да не ги прекршиме санкциите

Грција планира во мај да ѝ го плати гасот на руската компанија Газпром почитувајќи ги санкциите на Европската Унија, изјави министерот за енергетика Костас Скрекас.

EPA-EFE

Газпром вчера прекина да им доставува гас на Бугарија и Полска затоа што не го прифатија новиот механизам за плаќање кој на купувачите од „непријателските земји“ им наложува плаќање во рубли, преку посредничка банка во Русија.

Купувачите износот го уплаќаат на посебна сметка во Газпромбанк, во договорената валута, евра или долари, а таа потоа ги продава на аукција на московската берза и ги уплаќа рублите на сметката на Газпром.

Москва плаќањето на гасот во рубли го пропиша на крајот на март, на купувачите од земјите кои на Русија ѝ воведоа санкции и ги замрзнаа девизните резерви, вклучувајќи ги уплатите за гас, како САД, земјите од ЕУ и Швајцарија.

Грција од Русија увезува над 30 отсто од побарувачката за гас и со Газпром има долгорочен договор за снабдување кој истекува во 2026 година, пишува Ројтерс.

Грчкиот добавувач ДЕПА мора да ја плати следната сметка, за гасот испорачан во април, на 25 мај, кажа денес Скрекас, не прецизирајќи како плаќањето ќе биде извршено.

„Ќе платиме на начин на кој нема да ги прекршиме санкциите и ќе ја обезбедиме земјата со енергија“, кажа Скрекас. „Газпром предложи механизам за плаќање, кој ги вклучува правните, финансиските и политичките аспекти и ние сега сите ги анализираме“, додаде грчкиот министер за енергетика, повикувајќи ги колегите од ЕУ на средбата закажана следната недела да усвојат заеднички став за тоа прашање.

Европската комисија порача минатата недела дека на компаниите санкциите не им забрануваат отворање сметки во Газпромбанк истакнувајќи дека од Русија треба да бараат потврда дека со уплатата на сметка во руската банка ги исполниле договорните обврски.

Една недела претходно Европската комисија во „прелиминарна и техничка забелешка“ го истакна проблемот на губењето контрола над парите во моментот на уплатата на износот во договорената валута предупредувајќи дека со тоа се отвора можност за дополнителни трошоци и руски манипулации со курсот. Портпаролот на грчката влада изјави денес дека конверзијата е техничко прашање.

„Досега плаќавме во евра и тоа ќе го правиме и понатаму. Прашањето како тие ќе бидат конвертирани во рубли ќе биде разјаснето“, кажа Јанис Иконому. „Верувам дека до крајот на мај, кога мораме да му платиме на Газпром, постапката ќе биде кристално јасна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе