Грчката војска во морето ќе постави пловечки брани против емигрантите

Грчкото министерство за одбрана објави денес јавен тендер за поставување „пловечки заштитни системи“ во Егејското Море кои би се користеле во „вонредни околности“ за намалуваее на приливот на емигранти од соседна Турција.

Тие „пловечки системи“, кои можат да бидат во облик на „брани или мрежи“ долги 2,7 километри, ќе ги постават грчките оружени сили, се наведува во текстот на тендерот.

Заштитниот систем би бил висок 110 сантиметри, од кои педесетина сантиметри би биле под вода, и опремени со трепкачки светла.

Вкупната цена на таквите системи би била 500.000 евра, се наведува во конкурсот.

Властите засега не откриваат други детали.

Грција во 2019 повторно беше земјата од која во Европа пристигнаа најмногу емигранти и бегалци, а владата стравува дека таквиот прилив ќе продолжи и оваа година.

Над 40.000 баратели на азил се сместени во моментов во камповите по грчките острови во Егејското Море во кои владеат нехумани услови, и кои се предвидени за прифаќање 6.200 луѓе.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе