Ковид-19

Грчката влада апелираше до црквата да помогне со вакцинацијата на постарите лица

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис упати повик до постарите Грци да се вакцинираат, проценувајќи дека двоумењето околу примањето вакцина е причината зошто стапките на починати и хоспитализирани од ковид-19 упорно се толку високи.

Фото: ЕПА

„Податоците што ги имаме од одделот за интензивна нега за интубираните пациенти се јасни - 95% од нив, наши сонародници, не се целосно вакцинирани“, рече премиерот Мицотакис. Грчката програма за вакцинирање е приближно на ниво на просекот во ЕУ, но бројот на смртни случаи е поголем, а бројот на пациенти од ковид-19 на кои им е потребна интензивна нега е на највисоко ниво од почетокот на пандемијата.

Здравствените експерти велат дека Грците постари од 80 и под 70 години не закажуваат вакцинација или не се појавуваат во закажаното време во значително поголем број од оние во сегментот 75-79.

Владата апелираше до Грчката православна црква и до пензионерските организации да помогнат во програмата за вакцинација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе