Грчката полиција употреби солзавец врз мигрантите на границата со Турција

Грчката полиција утрово употреби солзавец на мигрантите собрани пред нејзината граница со Турција кои барале влез, со што кризата во Сирија нагло се префрли на прагот на Европската Унија.

Грчката влада го повтори ветувањето дека нема да ги пушти мигрантите.

„Владата ќе стори сè што е потребно да ги заштити своите граници“, изјави пред новинарите владиниот портпарол Стелиос Пецас, додавајќи дека во изминатите 24 часа грчките власти спречиле 4.000 луѓе во обидот да преминат.

На снимките објавени од грчката телевизија Скаи ТВ од турската страна на северната копнена граница се гледа дека грчката полиција пукала солзавец кон групи мигранти кои фрлале камења кон полицијата.

На медиумите не им било дозволено да пристапат кон грчката страна на границата рано утрината, но областа мирисала на солзавец, рече сведок за Ројтерс.

Претставник на турската влада доцна во четвртокот соопшти дека Турција веќе нема да ги држи стотиците илјади баратели на азил по воздушниот напад на Идлиб во Сирија, во кој се убиени 33 турски војници.

Речиси веднаш, конвои луѓе во петокот се појавиле на грчките копнени и морски граници.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе