Грчката полиција со солзавец ги растера демонстрантите мигранти на Лезбос

Грчката полиција испука солзавец за да ги растера мигрантите кои протестираа денес за состојбата во мигрантските кампови на островот Лезбос и бавната обработка на барањата за азил, пренесе Ројтерс.

Насилството избувна во близина на кампот Кара Тепе, изјави полициски службеник, откако стотици луѓе маршираа од преполните мигрантски кампови на островот кон градот Митилена.

Групите за помош ги опишаа условите за живот во некои од грчките острови кампови како одвратни.

Сведок за Ројтерс изјави дека демонстрантите воглавно биле жени и деца. Тие држеле знаци на кои пишувало „Слобода“.

Некои го одбегнале полицискиот кордон и преминале преку рид за да стигнат до Митилена, каде групата се обидела да постави шатори.

Лезбос е една од главните порти за Европа на мигрантите кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот исток и пошироко. Стотици илјади луѓе поминале низ Грција на врвот на мигрантската криза во Европа во 2015 и 2016 година.

Минатата година во Грција пристигнале над 74.000 бегалци и мигранти, меѓу нив и 3.500 деца, според УНХЦР агенцијата за бегалци при Обединетите нации. Повеќето од нив пристигнале на островите Лезбос, Хиос и Самос, преминувајќи од Турција.

Конзервативната влада избрана во јули најави планови за намалување на метежот на островите, затворање на постојните кампови и нивна замена со прифатни центри кои ќе ги обработуваат новите пристигнувања и оние чии барања за азил се одбиени.

Центрите што ќе бидат затворени го вклучуваат и кампот Морија на Лезбос, кој беше формиран за да прими 2.850 луѓе, но е домаќин на најмалку пет пати повеќе од тој број.

Минатата недела владата соопшти дека сака да инсталира „пловечки заштитни системи“ во Егејско Море во близина на Лезбос за да ги одврати мигрантите да пристигнуваат до нејзините брегови.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе