Ципрас на седница на собранието кажа дека тоа го бара за да се „поддржи демократијата“ и бидејќи смета дека премиер не може да остане на власт по прислушување на еден министер и пет воени функционери, а кажа и дека под државен надзор биле пет министри и пет воени функционери.
Гласањето доверба на владата треба да биде до петок, а се очекува да биде отфрлено бидејќи власта им комотно мнозинство од 156 пратеници од вкупно 300. Тој предлог би можел да го натера премиерот редовните избори планирани за пролет да бидат порано, што со месеци го бара опозицијата, наведуваат аналитичарите.
Ципрас го обвини Мицотакис, претседателот на владата и лидер на Нова демократија, дека бил „мозокот и лидерот на криминалната банда“ за надзор на личности од висок ранг, што го спроведувала разузнавачката служба. Скандалот со нелегалното прислушување ја тресе грчката влада од минатата година кога поради тоа беа сменети некои функционери, а Мицотакис тврди дека не знаел за тоа. Во јули минатата година Никос Андрулакис, европратеник и лидер на грчката социјалистичка партија Пасок-Кинал обелодени обид за „хакирање“ на неговиот телефон со шпионски софтвер „Предатор“, а дека ги надгледува грчката разузнавачка служба тврдеа и други политичари и новинари.
Ципрас пред пратениците кажа дека има докази, кои му ги дало независното тело за безбедност на Телекомот (АДАЕ) за надзор на министерот за труд Костис Хаџидакис, началникот на генералштабот на грчката војска Константинос Флорос, командантот на копнената војска Хараламбос Лелусис, и двајца поранешни воени функционери. Ципрас кажа дека со тврдењето дека ништо не знаел, Мицотакис „свесно лажел“ шест месеци и со „сета тежина на својот авторитет“ се трудел да спречи вистината да излезе на виделина.