Граничниот ѕид ќе ги спасеше таткото и ќерката имигранти што се удавија во Рио Гранде, тврди Трамп

Имигрантите татко и ќерка што се удавија во Рио Гранде додека се обидуваа да влезат во САД ќе беа одвратени и на крај спасени ако граничниот ѕид веќе беше изграден, тврди Доналд Трамп.

„Ако ги креневме ѕидовите и ако беа цврсти, таткото и прекрасната ќерка што се удавија... ако мислеа дека е тешко да се влезе, немаше да дојдат. Толку многу животи ќе беа спасени“, рече американскиот претседател вчера на прес-конференцијата по повод завршувањето на самитот на Г20 во Осака, Јапонија.

Трамп рече дека потресната фотографија на која таткото и ќерката лежат мртви во водата со лицата надолу го илустрира погрешниот став на неговите политички ривали за американската граница со Мексико.

За време на прес-конференцијата во Јапонија, Трамп инсистираше дека е „многу нефер“ што оние што сакаат законски да емигрираат во САД мора да чекаат со години, додека илегалните имигранти најчесто се пречекувани со раширени раце.

Трамп ја продолжува битката со демократите околу неговиот план за изградба на ѕид вдолж границата меѓу САД и Мексико.

Планот се соочува и со судски пречки. Федерален судија во петокот пресуди дека на Белата куќа ѝ е забрането да користи 2,5 милијарди американски долари воени средства за да финансира приоритетни делови од граничниот ѕид во Калифорнија, Аризона и Ново Мексико. Трамп ја опиша таа одлука како „срамна“ и вети дека ќе поднесе жалба.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе