Протести во Србија

Граѓаните околу новинарка на РТС: Го сакаме Џеки Чен (ВИДЕО)

Граѓаните на Белград вечерва на платото пред српското собрание ја опколија новинарката на Радио-телевизија Србија (РТС) што известува од протестите.

Screenshot

Како што јавува српска Нова, насобраните седнале на земја околу новинарката и додека се вклучувала во живо во програма, зад грб ѝ развеале транспарент „Не е политика, не е ковид, туку здрав разум“.

Тие извикувале „Седи долу, уа РТС“, „Го сакаме Џеки Чен“ и „Не сакаме насилство“.

На крајот ја повикале да седне на земја со нив.

РТС за време на првиот протест, кој прексиноќа беше одржан во Белград, на својата програма го емитуваше филмот „Полициска приказна 2“ со Џеки Чен наместо да известува од немирите.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе