петок, 29 март 2024

Димитров направи големо изненадување, го победи Алкараз за полуфинале во Мајами (ВИДЕО)

Бугарскиот тенисер, Григор Димитров, направи големо изненадување откако во два сета го победи Карлос Алкараз и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мајами.

Објавено на

часот

Сподели

Во отсуство на Ѓоковиќ, Алкараз беше прв носител на турнирот во Мајами и огромен фаворит, но ноќеска изгледаше немоќно против Димитров кој ја одигра една од своите најдобри партии во кариерата.

Бугарскиот тенисер победи во два сета, првиот го доби со два брејка, беше 6-2. Во вториот исто така направи два брејка, но загуби и еден свој сервис, беше 6-4.

Во полуфиналето Димитров ќе игра против Александер Зверев кој претходно со 2-0 (6-3, 7-5) го совлада Марошан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ