Со огромно мнозинство

Граѓаните на Филипини ја поддржуваат крвавата војна на претседателот против дрогата (ВИДЕО)

Истражување на јавното мислење на Филипините покажа дека тамошните граѓани се и повеќе од задоволни од крвавата војна против дрогата која ја почна претседателот Родриго Дутерте, што ѝ дало дополнителен поттик на владата која е под критики од меѓународната заедница, пишува Ројтерс.

Дури 82 отсто од анкетираните во истражувањето спроведено на крајот на јуни годинава врз 1.200 луѓе се задоволни од намалувањето на употребата на дрога и криминалот на Филипини. Само 12 отсто се незадоволни бидејќи веруваат дека трговијата со дрога е сѐ уште во пораст, а има премногу убивања и полициски малтретирња, додека 6 отсто се неодлучни.

Резултатите од истражувањето се објавени два дена откако претседателот им нареди на државните компании и институциите да не примаат повеќе помош или заеми од 18 земји од УНХЦР, меѓу кои Шпанија, Британија и Австралија затоа што ја поддржале резолуцијата за истрага за постапувањето на полицијата и самиот Дутерте.

Од полицијата тврдат дека досега се убиени 6.700 дилери на дрога кои пружале отпор при апсењето и негираат вмешаност во неразјаснетите убиства на уште илјадници други наркомани. Полицијата ги отфрла и обвинувањата на организациите за заштита на човековите права за тоа дека вршат егзекуции на своите мети, дека ги фалсификуваат извештаите и местат докази на местата на злосторствата.

Портпаролот на претседателот Салвадор Панело изјави дека анкетата покажала дека меѓународната заедница го искривува тоа што се случува на Филипините.

„Да е вистина дека тука се кршат човековите права, тогаш луѓето во оваа земја би се побуниле против власта. Не е вистина дека полицајците убиваат кого сакаат, тие тоа не смеат да го прават“, кажа денес Панело.

УНХЦР во јули ја потврди резолуцијата за потребата од изработка на извештај за убиствата на Филипините, за која од филипинското министерство за надворешни работи кажаа дека нема да го дозволат.

Панело изјави дека интерна истрага е веќе спроведена, а дека резолуцијата на ОН е не само нечесна, туку и претставува навреда.

Фил Робинсон, директор на Хјуман рајтс воч во Азија, кажа дека истражувањата кои се спроведуваат на Филипини и покажуваат поддршка за воената кампања на Дутерте против дрогата се токму причината за отворање меѓународна истрага.

„Апсурдно е да се зборува за тоа дека постои каква и да е сериозна истрага на овие злосторства. Тоа е смешно“, кажа Робинсон.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе