Градот Њујорк ги прекина сите зделки со Организацијата Трамп, му секна 17 милиони годишно

Градот Њујорк ги раскина сите деловни договори со Организацијата Трамп, што ќе ја чини 17 милиони американски долари во загубени приходи.

Фото: ЕПА

Градоначалникот Бил де Блазио рече дека Њујорк ќе ги поништи договорите со Организацијата Трамп, кои ѝ носат 17 милиони долари годишно.

„Градот Њујорк не соработува со бунтовници. Преземаме чекори да ги РАСКИНЕМЕ договорите со Организацијата Трамп“, напиша Де Блазио на Твитер.

„Ако компанијата и нејзиното раководство се занимаваат со криминал, имаме право да го откажеме договорот“, изјави градоначалникот за МСНБЦ.

„Поттикнувањето бунт против американската влада е очигледна криминална активност“, додаде тој. „Значи, Њујорк повеќе не сака да има никаква врска со Организацијата Трамп.“

Организацијата Трамп заработува околу 17 милиони долари од управување две лизгалишта, рингишпил и терен за голф во јавните паркови во Њујорк, објави неодамна Вашингтон пост.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе