„Синоќа околу 22:15 часот снема струја во третиот, четвртиот и петтиот арондисман на Париз. Дефектот е саниран околу 23 часот и дистрибуцијата на електрична енергија продолжи нормално“, напиша службата за односи со јавноста на РТЕ во објавата на социјалната мрежа Твитер, пренесува Ројтерс.
Портпаролката на компанијата Енедис изјави за Ројтерс дека дефект на трансформаторот предизвикал прекин во преносот на електрична енергија. Таа додаде дека грешката не е поврзана со најавената „вежба за намалување на оптоварувањето со електрична енергија“ што ќе ја спроведат денеска Енедис и РТЕ за да се подготват за можни контролирани прекини на снабдувањето со електрична енергија поради недостиг на пазарот.
Француските ресорни министри претходно предупредија на можни прекини на електричната енергија, доколку дојде до недостиг од електрична енергија на пазарот, кои, како што рекоа, нема да траат подолго од два часа и ќе бидат однапред објавени.