Градоначалникот на Венеција: Она што ни се случува нам, ќе му се случи на целиот свет (ФОТО+ВИДЕО)

Венеција се бори со дожд и поплави и прогласена e вонредна состојба. Нивото на водата достигна 160 сантиметри и најлошото допрва доаѓа.

Околу 80 проценти од градот е поплавен, сообраќајот е запрен, училиштата, продавниците и канцелариите се затворени.

Досега четири лица загинаа.

Како што јави денес ТГ24, градоначалникот на Венеција Луиџи Брунјаро изјави дека штетата предизвикана од плимниот бран во последните неколку дена е поголема од милијарда евра.

Претседателот на регионот Венето, Лука Заја на денешната прес-конференција изјави дека Венеција е важна, но и дека не треба да се заборави дека цел Венето е погоден со невреме.

Брунјаро денес повика да се разгледа основање на меѓународна агенција за води во Венеција.

„Така, научници од целиот свет кои сакаат да дадат придонес можат да го сторат тоа“, рече тој.

„Венеција е прва граница на она што ќе му се случи на целиот свет заради климатските промени. Затоа, ако Венеција победи, сите ќе победиме“, заврши Брунјаро.

Венеција е место заштитено од УНЕСКО и италијанската влада прогласи вонредна состојба во градот.

Жителите, чии домови се поплавени, ќе добијат надомест за настанатата штета до 5.000 евра, а стопанствениците до 20.000 евра, јави Би-би-си.

Бројни делови од Италија се погодени од лошото време, не само Венеција.

Портокалово предупредување е на сила во Тоскана, која ќе биде погодена од пороен дожд и невреме.

Јужен Тирол е покриен со снег.

Проблеми има и во Лацио, на подрачјето на Рим, каде се очекува невреме и плимни бранови.

Реката По порасна од Пиемонт до Ломбардија 1,5 метар во рок од 24 часа.

Со оглед на обилните врнежи од дожд, се очекува да продолжи да расте.

4.000 домаќинства во Пиемонт се без електрична енергија поради обилниот снег.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе