Награда автомобил

Градоначалникот на Москва со лотарија ги привлекува граѓаните да се вакцинираат

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави во неделата дека ќе воведе лотарија во која наградата ќе биде автомобил за да ги охрабри скептиците да се вакцинираат против коронавирусот во Русија, која се соочува со сè поголем нов бран на зараза.

Фото: ЕПА

Поради наглиот пораст на инфекции со коронавирус, Собјанин во саботата објави дека деновите од 15 до 19 јуни ќе бидат неработни денови и до 20 јуни сите барови, ресторани и други места ќе се затвораат до 23 часот.

Секоја недела ќе се доделуваат пет автомобили во вредност од по еден милион рубљи секој (11.500 евра), се наведува.

„Сепак, се разбира, главната добивка на лицето кое ќе одлучи да се вакцинира е неспоредлива со кој било автомобил“, рече Собјанин и додаде: „Главната добивка е нивното сопствено здравје и духовна рамнотежа“.

Во саботата, Собјанин нареди затворање на игралишта за деца во близина на трговски центри и паркови до 20 јуни и ги повика вработените да работат од дома кога е можно, и забрани служење во ресторани од 23 до 6 часот наутро.

Русија во неделата потврди нови 14.723 случаи на коронавирус, од кои 7.704 во Москва, главниот град кој е најголемото жариште на пандемијата во земјата.

Русија потврди вкупно 5.208.687 инфекции со коронавирус, од кои 126.430 се смртни случаи.

Кампањата за вакцинација започна во декември, но полека напредува поради недовербата на населението кон вакцината.

Од декември едвај 18 милиони луѓе ја примиле првата доза, околу 12 проценти од населението, според официјалните податоци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе