Неопходно е да се намали стапката на ширење на инфекцијата

Градоначалникот на Москва прогласи пет неработни дена поради зголемување на бројот на заразени

Поради ненадејниот пораст на бројот на заразени лица, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денес ги прогласи за неработни деновите од 15 до 19 јуни, кои ќе им бидат платени на сите вработени.

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Тој на својот официјален блог наведе дека „тоа е долг неработен викенд“ од вкупно девет дена, почнувајќи од денес, јави ТАСС.

Тој објасни дека оваа одлука се однесува на компании и организации од сите форми на сопственост, кои обично не работат за време на викендите.

„Се разбира, ова не се однесува на компаниите кои се клучни за функционирањето на градот, како и организациите одговорни за безбедноста, одбранбените компании, Росатом, Роскосмос и некои други стратешки индустрии...“, рече Собјанин.

Тој посочи дека сега е потребно барем да се намали стапката на ширење на инфекцијата на коронавирусот, ако веќе не може да се запре.

Московските ресторани, барови, ноќни клубови и други слични места ќе се затвораат најдоцна до 23 часот до 20 јуни, објави Собјанин.

Бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус во Русија се зголеми за 13.510 на вкупно 5.193.964, што е највисоко за еден ден од 15 февруари, соопшти денеска тамошниот кризен штаб.

Во последните 24 часа, како резултат на зараза починале 339 лица, вкупно 126.073.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе