75 години подоцна

Градоначалникот на Милано бара Америка да се извини за бомбардирање од 1944 година

Градоначалникот на Милано Џузепе Сала побара извинување од американските власти поради бомбардирање во Втората светска војна во кое загинале 184 деца.

Сала побара извинување по мисата по повод 75 години од масакрот во Горла, наречен по делот од градот во кој се случил нападот, пренесува италијанската агенција АНСА.

„Многу е важно американската влада да се извини бидејќи ние сме спремни да простиме“, кажа Сала, додавајќи дека во таа смисла ќе го формализира барањето и ќе му го предаде на американскиот конзул.

Воздушниот напад се случил на 20 октомври 1944 година, а мета била индустриска зона во околината на Милано. Меѓутоа, во вториот бран екипажите на бомбардерите при враќањето во базата скршнале од предвидениот курс и ги исфрлиле бомбите југоисточно од метата за да ги олеснат леталата.

Една бомба го погодила основното училиште „Фраческо Криспи“, потсетува Асошиејтед прес.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе