Градоначалникот на Лондон сака Британците да го задржат државјанството на ЕУ

Градоначалникот на Лондон Садик Кан се заложи денес во Брисел Британците да го задржат државјанството на ЕУ, како и другите права кои одат со тоа, и покрај брегзитот.

„Многу лондонци се тажни откако ја напуштивме ЕУ. Но и понатаму имаме чувство на припадност на европското семејство, ние сме Европејци“, кажа Кан, кој денес во Брисел се сретна со неколку европски функционери, меѓу кои и преговарачот за брегзитот на Брисел Мишел Барние.

Кан кажа дека во новата фаза на преговорите меѓу Лондон и Брисел би требало да биде и прашањето на „здружено државјанство“. Тоа на Британците би им овозможило да го задржат правата кои досега ги имаа како граѓани на ЕУ, а меѓу нив и слободата на движење и работа во другите земји од Унијата.

Британија од 1 февруари се наоѓа во преоден период за време на кој продолжува да ги применува европските правила. Во тој период кој завршува на 31 декември, двете страни треба да постигнат договор за идните односи.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе