Сицилија

Градоначалникот на Корлеоне поднесе оставка зашто се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилискиот град Корлеоне, Николо Николози, денеска изјави дека поднесува оставка затоа што ја примил вакцината против коронавирусот преку ред.

Фото: ЕПА

„Не спиев ноќта размислувајќи за таа одлука и заклучив дека е правилно да поднесам оставка“, рече Николози (78), пренесе италијанската агенција АНСА.

Медиумите објавија дека полицијата го истражува случајот. Италија почна со вакцинација на крајот на декември, а приоритет добија медицинските работници и луѓето постари од 80 години.

Сепак, Николози тогаш рече дека локалните политичари како него мора веднаш да бидат заштитени од коронавирусот, исто како и медицинските работници.

Покрај Николози, вакцинирани биле и градските советници.

Гратчето Корлеоне беше овековечено од американскиот режисер Френсис Форд Копола во култниот филм „Кум“ (1972) за сицилиската мафија и семејството Корлеоне, во кој играат големи глумци - Марлон Брандо, Ал Пачино и Дајана Китон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе