Призна дека не реагирале најдобро на вирусот

Градоначалникот на кинескиот град Вухан понуди оставка: Веројатно историјата ќе нѐ памти по лошо

Градоначалникот на Вухан, кинескиот град кој е жариштето на новиот коронавирус, понуди оставка бидејќи градските власти не реагирале најдобро на ширењето на вирусот.

Тој своето дејствување го оцени со 80 на скала од 100.

„Го затворивме градот за да го сопреме ширењето на вирусот, но веројатно историјата ќе нѐ памти по лошо“, изјави Жу Сиванг за државната телевизија ЦЦТВ.

Тој истакна дека е спремен да поднесе оставка доколку тоа ќе помогне да се спречи ширењето на вирусот.

За време на интервјуто призна дека информацијата за ширењето на вирусот не била доволно брзо објавена.

Тој, меѓутоа, за тоа делумно ја обвини процедурата по која локалните самоуправи мора да бараат одобрување од Пекинг за да објават такви информации.

Голем број Кинези, пак, го критикуваат неговото интервју на социјалните мрежи, со оценка дека градоначалникот претерал со фалењето на својата работа.

Главните критики на кинеските социјални мрежи се фокусираат на тоа што Сиванг своето дејствување околу вирусот го оцени со 80 од 100.

„Сега сфаќам што значи да се биде бесрамен“, наведе еден од корисниците на мрежата Веибо.

„Нашите луѓе не можат толку лесно да се измамат... Вирусот е само еден од проблемите бидејќи администрацијата во Вухан веќе подолго време ги лаже граѓаните и централната влада“, коментира друг корисник на Веибо.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе