Градоначалникот на Блајбург: Ни доаѓаат неонацисти од пола Европа

Градоначалникот на Блајбург рече дека во неговиот град доаѓаат се повеќе неонацисти од пола Европа.

Во интервју за Нови лист, Штефан Височник исто така ја спомена и комеморацијата во Блајбург.

„Ние немаме апсолутно ништо против одржување на таков собир во спомен на жртвите, исто како ни против одржување миса, и градот Блајбург помогна на таа ливада, наместо крстот што некогаш стоеше, да се подигне вистински споменик. Меѓутоа, она што го гледаме во последно време е тоа дека на ова обележување се приклучуваат се повеќе нео-нацистите од пола Европа, па така минатата година имаше 9 пријави и 7 пресуди, а пристигнуваат и различни групи демонстранти кои се повеќе се шират кон самиот град Блајбург. Не сме задоволни што нашиот град и Австрија како држава генерално имаат таков имиџ што не го заслужуваат“, рече тој.

„Блајбург не сака со себе да врзува негативни конотации, па сè ова што се случува, всушност, станува проблем на повисоко, регионално ниво. За да може да се реши, неодамна објавивме резолуција со која од надлежните државни институции, кои ја имаат власта во раце бараме да ни помагаат да ги регулираме работите преку правни рамки“ рече Височник за Нови лист.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе