Не ги поправил локалните патишта

Градоначалник на Мексико го врзале за камион и го влечеле по улица (ВИДЕО)

Единаесет лица во јужниот дел на Мексико се уапсени, откако во вторникот го извлекле градоначалникот на еден град во Чиапас од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле по улиците, јави Би-би-си.

Локалната полиција брзо интервенирала и го ослободила градоначалникот Хорхе Луис Ескандон Хернандез, кој наводно не претрпел сериозни повреди.

Градоначалникот го нападнале земјоделци бидејќи не ги исполнил предизборните ветувања и не ги поправил локалните патишта.

Хернандез по нападот изјави дека ќе поднесе обвиненија за киднапирање и обид за убиство.

На видеата снимени од минувачи и од надзорните камери се гледа како група мажи го киднапираат градоначалникот и подоцна го влечат по патот.

Неколку десетици полицајци биле ангажирани за да го запрат камионот и да го спасат Хернандез.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе