Градоначалничката на Вашингтон побара од Трамп да ги отстрани федералните сили од градот

Градоначалничката на Вашингтон Муриел Баузер во петокот побара од американскиот претседател Доналд Трамп да ги отстрани од градот федералните безбедносни сили што ѝ помагаа на полицијата за време на најтешките судири со демонстрантите.

Федералните сили се распоредени поради протестите против полициската бруталност, по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во писмото до претседателот, Баузер напишала дека нема нови апсења во последните неколку дена и побарала трупите да го напуштат градот.

Демократската градоначалничка суптилно ги поддржа протестите и е сè покритична кон острите методи на федералните сили во главниот град на САД.

Вашингтон како главен град има посебен автономен статус и не е дел од ниту една сојузна држава, ниту е самиот држава, поради што федералната влада има значително влијание и моќ во тој град.

Федералните трупи интервенираа во најтешките судири со демонстрантите и користеа солзавец пред Белата куќа.

Членови на разни агенции на Министерството за правда беа видени на протестите, како и интервентни тимови од БОП, службата за контрола на затворите.

Инцидентот ја врати на маса дебатата околу можниот статус на државата за Вашингтон Д.Ц.

Бaузер неделава на Твитер се залагаше за оваа идеја, на која се противат републиканците во Конгресот .

„Поддржете го Д.Ц. сега или запрашајте се подоцна што ќе се случи со вашата држава“, напиша Баузер на Твитер.

Вашингтон Д.Ц. е формиран во 1790 година кога државите Мериленд и Вирџинија отстапија дел од својата територија за да може сојузната влада да има седиште.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе